Испечати

Домашен чикенбургер

Домашен чикенбургер

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1 сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 филџан зејтин
  • 250мил вода
  • 2 лажици мелен лен
  • 1 јајце
  • 1кг. стек
  • 150гр презла
  • 2 јајца
  • 100гр кашкавал
  • 1кг компири, зејтин за пржење

Подготовка

Подготовка
Во длабок сад го ставаме брашното на средина квасецот, шеќерот, солта, мелениот лен и зејтинот замесуваме средно меко тесто кое го оставаме еден час да стаса.
Едното јајце го кршиме му капнуваме малку зејтин и готовите округли веќе формирани лепчиња ги премачкуваме,  а одозгора ги посолуваме со мешаните зачини лен, сусам ким и морска сол.
Лепчињата ги печеме на 200степени половина час.
Кога се готови ги покриваме со крпа за да биде кората мека.

Стекот го формираме и валкаме во двете јајца со малку зачин и во презла, вака подготвен го пржиме.

Компирите ги лупиме ситно сецкаме и вариме околу пет минути потоа ги процедуваме и пржиме во загреан зејтин.
Лепчињата ги сечеме на половина ставаме лист од марула врз неа стек и кришка тенко исечен кашкавал. Компирите ги ставаме врз стекот за прилог користев кечап, павлака и младо кромитче.