Чоколадни шарени правоаголници
Состојки
- 200гр шеќер
- 150мл вода
- 200гр маргарин
- 450гр мелен бисквит
- 100гр чоколадо
- Глазура
- 100гр бело чоколадо
- 100гр црно чоколадо
- по потреба масло
Подготовка
Во еден сад на оган ставете ги шеќерот, водата и маргаринот да се растопат. Откако ќе се растопи маргаринот додајте го чоколадото промешајте додека се растопи чоколадото и додека зоврие смесата.
Тргнете ја смесата од оган и ставте ја да олади малку.
Млаката смеса додајте ја во мелениот бисквит. Смесата распоредете ја подеднакво во правоаголен сад.
Во два посебни сада растопете ги белото и црното чоколадото со малку масло. Црното чоколадо распоредете го подеднакво на целата површина од смесата, а белото чоколадо накапето го врз црното чоколадо. Со помош на кафено лажиче украсете го белото и црното чоколадо како на сликата. Добар апетит...