Испечати

Зелник со спанаќ

Зелник со спанаќ

Состојки

  • Тесто
  • 700гр брашно
  • 1 кафено лажиче сол
  • 400мл вода
  • Фил
  • 800гр спанаќ
  • 150гр кисела павлака
  • По потреба масло

Подготовка

Од дадените состојки замесете тесто. Тестото оставете го да отстои 10 мин покриено со крпа. Откако ќе отстои делете го на 13 колачиња.Тргнете 2 колачиња на страна за крај, останатите расучете ги околу 15 см.
Земете едно од расучените колачиња и премачкајте и ја површината со зејтин постапката повторете ја со сите расучени колачиња едно врз друго но на последно површината не ја премачкувајте со зејтин.
Од сите расучени колачиња расучете една кора. Кората треба да ви е за теспија 40, но треба да има и краеви за да може да направите плетенки.

Распоредете го филот врз целата кора но оставете 1/4. Накапете со зејтин или маст. Останатите 2 колачиња расучете ги кори како за баклава. Ставте ја едната врз филот, но не рамно треба да е брана и накапете со зејтин или маст. Останатиот фил распоредете го врз кората. На крај ставте ја и другата кора, но и таа брана не рамно. Од краевите формирајте плетенки и целиот зелник накапете го со зејтин или маст.
ФИЛ-претходно исецканиот спанаќ ставте го во еден сад за пржење додајте малку сол и масло и оставте да се изпржи откако ќе е готов оставте да се олади и додајте ја киселата павлака. Добар апетит...