Испечати

Домашни Рипчиња

Домашни Рипчиња

Состојки

  • 2 филџани масло
  • 2 филџани вода
  • 1 лажица квасец
  • 2 кафени лажички сол
  • 2 кафени лажички шеќер
  • 1-2 лажици сусам
  • По потреба брашно - окулу 500гр
  • По желба афион,ким и мак

Подготовка

Во сад ставете околу 400г брашно додајте ги сите состојки и замесете тесто брашното ако не е доволно дададете уште малу додека да добиете тесто. Тестото ставете го на работна маса и расукајте го околу 2-3мм. Сечете го капаче од некој сок или од било што.
Рипчињата распоредете ги во плех за печење претходно намачкан со малку масло и печете додека да добијат златно-кафеава боја. Добар апетит...
(филџан 60-70мл)