Испечати

Солена декоративна торта

Солена декоративна торта

Состојки

  • жолто тесто
  • 4 јајца
  • 1/2 лажиче сол
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 6 лажици брашно
  • 1/4 лажиче пециво
  • зелено тесто
  • 4 јајца
  • 1/2 лажиче сол
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 6 лажици брашно
  • 300 -400 гр бланширан спанаќ
  • 1/4 лажиче пециво
  • 400 гр танки листови шунка
  • 400 гр танки листови кашкавал

Подготовка

Истовремено се спремаат двете теста. Жолтото во една вангличка и зеленото тесто во друга вангличка.
Во правоаголен плех се става пола од жолтото тесто да се запечи во рерна 10 минути. Се вади од рерната.
Потоа врз него се редат кругови шунка и листови кашкавал. Врз тоа се истура половина од зеленото тесто и се враќа во релна. Се запекува 10 минути.
Се вади од рерна и пак се редат кругови шунка и листови кашкавал, па се истура остатокот од жолто тесто. Се запекува 10 минути.
Се вади од рерна и се ставаат листови шунка и листови кашкавал и се истура зеленото тесто. Се враќа во рерна да се запечи.
Се лади убаво и се сечи на штангли се декорира со павлака и магдонос.
Згрешив само што не го ставив спанаќот во процесор после бланширањето, бидејки ќе добиев поинтензивна зелена боја.
Ако сакате пробајте, мислам ефектот за око ќе биде поголем, а вкусот е прекрасен.