Испечати

Пита со месо

Пита со месо

Состојки

  • Фил
  • 500гр. мелено месо
  • 2 моркова
  • 1 главица кромид
  • Тесто
  • 700гр. брашно
  • 1 мал филџан масло за јадење
  • 1/2 коцка квасец
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 350 гр. вода(млака)

Подготовка

Фил:
Кромидот и морковот се сечкаат ситно и се пржат со малку масло. Откако ќе омекнат се додава меленото месо и се посолува, се става црн пипер и мешавина зачини по вкус. Откако ќе се испржи месото се трга настрна да се излади.
Тесто:
Квасецот се растопува со малку млака вода, шеќер и малку брашно. Откако ќе стаса квасецот се замесува меко тесто.
Тестото се остава да стаса околу 1 час.
Откако ќе стаса тестото се размесува на помали колачиња и повторно се остава да стаса околу 30-40 минути. Од секое колаче се растегнува кора на намрснета површина колку што е можно потенка и се сече на половина.
Врз кората се става од филот и се витка ролат.
Ролатите се редат во кружно плекче.
Откако ќе се наполни плекчето се вклучува рерната и по 10 минути питата се става да се пече на 180 степени 30 минути, а потоа се намалува на 150 степени уште 15 минути.