Посен ручек со пресолни пиперки
Состојки
- 2 кутлачи ориз
- 6 кутлачи вода
- 2 парчиња риба ослич
- 2 главици кромид
- 5-6 пресолни пиперки
- 1 лажица пипер црвен
- 1 лажица зачин мешан
Подготовка
Еден едноставен рецепт, кој што верувам дека бабите и мајките сигурно го знаат.
Прво се пржи рибата на стандарден начин.
Се чисти се посолува, па се валка во брашно.
Пржена се трга на страна.
Во истото масло се запржува кромидот и пресолните пиперки се додава оризот и зачините.
Се пропржува убаво и се додава вода.
Се вари на оган, а потоа во рерна.
Пред крајот кога оризот е полуварен се ставаат рибите.
Се остава да се довари оризот.
Јадењето ми е многу убаво. Погодно е за време пости.
Забелешка.
Проверете пред да посолите. Можно е да е доволно солено од пресолните пиперки.
На здравје