Испечати

Зачинети колачиња со чоколадо

Зачинети колачиња со чоколадо

Состојки

  • 25гр, путер
  • 250гр. брашно+ за наросување
  • 125гр. шеќер
  • 50гр. мелени бадеми
  • 2 лажици какао
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка ванилен шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • четврт лажичка каранфилче во прав
  • пола лажичка рендано морско оревче
  • 1 рендана кора од лимон
  • 4 лажици десертно бело вино или vermouth
  • 2 големи јајца
  • 200гр. млечно чоколадо

Подготовка

1. Вклучете ја рерната на 180 степени и обложете две тави за печење со хартија за печење.
2. Во поголем сад со лажица промешајте ги сувите состојки, брашното, шеќерот, мелените бадеми, какаото, ванилниот шеќер, прашокот за печиво и зачините.
3. Во тава на оган растопете го путерот. Откако ќе се растопи додадете ја ренданата кора од лимон и промешајте.
4. Оствете го да путерот малку да олади, околу 3 минути, па во тавата додајте ги виното и јајцата и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
5. Смесата од бурото додајте ја во садот кај сувите состојки и мешајте со дрвена лажица додека од смесата не формирате топка. Топката разделте ја на 4 еднакви дела.
6. Секој дел посебно работете го на набрашнета работна маса. Со рацете формирајте од смесата стапче со околу 32см. Со нож стапчето од тесто расечете го на 10 еднакви дела. Секој дел подигнете го со врвот на ножот и префрлете го во тавата за печење. На ист начин работете ги сите 4 дела.
7. Колачињата редете ги во тавата со растојани од 3 см, бидејки во печењето се разлеват малку. Печете ги 15 минути во загрена рерна.
8. Откако ќе бидат испечени колачињата оставете го да постојат уште 5 минути во тавата за печење, а потоа извадете ги и оставете да се оладат.
9. Чоколадото растопете го на пареа. Оладените колачиња мацкајте ги во чоколадото од едната страна.
Послужете ги следниот ден.

Овие колачиња кои мене ме потсетуваат на меки бисквити се спој на вкусови кој при дегустација ќе ви остават многу пријатен вкус и мириз.
Јас ги имам правено и без каранфилчето, циметот и морското оревче (децата не ги сакаат со нив) и исто се убави.
Оригиналниот рецепт ми е со рендана кора од портокал, но мене лично повеќе ми се допаѓаат со лимон и затоа така ви ги предложив.
Излегуваат 40 колачиња.