Месени солени ролати
Состојки
- 1 квасец
- 500 мл вода
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици сол
- 1/2 лажиче пециво
- 100 мл масло
- 900-1000 гр брашно
- фил 1
- 300 гр урда
- 2 јајца
- фил 2
- 300 гр бланширан и исцеден спанаќ
- 2 јајца
- 70 гр сирење
- 100 -150 гр маргарин за премачкување на коричките
Подготовка
Од горе наведените состојки- брашно, вода, квасец, сол, шеќер, пециво, масло
се замесува тесто и се дели на 8 топки.
Секоја топка се сучи во коричка и се премачкува со маргарин. Се редат по четири една врз друга, значи да се добијат 2.
Секое се расукува во кора, се нанесува од филот и се витка ролат.
Значи се добиваат ролат со спанаќ и ролат со урда.
Се редат во плех, се оставаат да скиснат и се премачкуваат со масло. Се солат со сусам
Се печат додека не поруменат.
Изладени се сечат на парчина.