Пилешко дробче со суви црни сливи
Состојки
- 700 гр пилешко дропче
- 40-50 листа танко сечена сланина
- 40 половинки од црни суви сливи
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- 20-30 чечкалици за прицврстување
- 30 мл масло
- 50 мл вода
Подготовка
Се сечи дробчето на 2 дела и од секое парче да се добијаат 2 парчиња.
На тањир се става лист сланина, одозгора парче дробче, сува слива и се витка ролатче и се прицрстува со чепкалка.
Се редат во подмачкана тепсија, се попрскуваат малку со вода и масло и се зачинуваат и се печат 25 минути да заруменат.