Сарма со штафел
Состојки
- 50 листови млад штафел
- 300 гр. мелено месо
- 100гр. кулен или димена сланина
- 3 страка млад кромид
- 2 моркова
- 100гр. ориз
- 1 китка магдонос
- 1 јајце
- 2 чешниња лук
- зачини сол, црн пипер, мешавина зачини, црвен пипер, буковец, масло за јадење
Подготовка
Штафелот најпрво го миеме и му ја отстрануваме жилата што се наоѓа од опачината на листот. Во тенџере на оган ставаме вода да се загрева за обарување на листовите.
Кромидот го сечкаме и го пржиме на масло заедно со исечканиот морков. Откако ќе омекне кромидот го додаваме меленото месо и се пржи десетина минути и зачинуваме со сол и мешавина на зачини. Потоа го додаваме оризот, промешуваме и смесата ја тргаме од оган. Го додаваме куленот, исечканиот магдонос, јајцето и останатите зачини. Откако убаво ќе се измеша филот ги обаруваме листовите штафел на кои претходно сме ги исчистиле и измиле. Дното на садот во кој ќе ги печеме сармите го обложуваме со листови штафел и продолжуваме со виткање на сармите. Сармите исто така ги покриваме со листови штафел. Се зоврива вода и се полева врз сармите колку да ги облие.
Се печат во рерна на 200 степени околу час и половина. За подобар вкус се прави запршка.
На малку масло се пржи едно чешне лук, додаваме 1 лажица црвен пипер и се полева врз готовите сарми. Се оставаат во рерна уште 10 минути и се вадат. Сармите со штафел се служат со кисела павлака или тартар сос.