Свински шницли со зеленчук
Состојки
- 1кг. свинско месо
- 2 главици кромид
- 2 моркова
- 1 модар патлиџан
- 2 црвени пиперки
- 500гр. ситни компири
- 3-4 чешниња лук
- 50-100мл. бело вино
Подготовка
Свинското месо се сече на шницли и се посолува (по можност да стои во сол 24 часа). Тава со капак се загрева на оган, а потоа се трга. Во неа се става месото и се поклопува и се остава околу 5 минути. Потоа се превртува месото и тавата се става на оган и се додава малку масло. Откако месото ќе се зацрви и од другата страна се додава белото вино и повторно се остава месото на оган. Откако ќе испари течноста се додава ситно исечкан лук и црн пипер и мешавина зачини и малку се пропржува месото од двете страни.
Кога е готово се вади од тавата а во неа се пржи зеленчукот исечен на долгнавести парчиња. Зеленчукот се пржи во мрснотијата од месото колку да омекне. Во друго тенџере на оган претходно се варат малите компири. Сварените компири се лупат и се посолуваат со сол и зачини. На крај се полеваат со врело масло. Свинските шницли се сервираат на листови марула заедно со зеленчукот, малите компирчиња и исечен домат.