Испечати

Чоколадна торта

Чоколадна торта

Состојки

  • ТЕСТО 1
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици нишесте
  • 6 лажици брашно
  • 3-4 лажици топла вода
  • 1 лажица масло
  • 1 пакетче прашак за пециво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • ТЕСТО 2
  • 7 јајца
  • 10 лашици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 4 лажици нишесте
  • 8 лажици брашно
  • 3-4 лажици топла вода
  • 1 лажица масло
  • 1 пакетче прашак за пециво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • ФИЛ
  • 1,5 литри млеко
  • 20 лажици нишесте
  • 12 лажици шеќер
  • 100гр црно чоколадо за готвење
  • 100гр бело чоколадо за готвење
  • 200гр путер
  • 200-250 мл слатка павлака
  • 30-сетина вишни од слатко
  • ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ И ДЕКОРАЦИЈА
  • 150 мл слатка павлака
  • 200 гр црно чоколадо
  • 1 кесичка шлаг пена
  • 125 мл млеко
  • по поттреба /околу 20-сетина/ вишни од слатко
  • 50 гр црно чоколадо нарендано на крупно

Подготовка

Еве уште една поголема торта, а ако сакате помала може да ги преполовите состојките. Од овие состојки добивате торта за околу 2 долги торти.

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТАТА
Убаво изматете ги јајцата со шеќерот, па постепено, лажица по лажица додајтеја водата и маслото,  притоа постојано матејки со миксерот. Сите суви состојки соединете ги заедно и додајте ги во изматените јајца. Целата смеса печетеја во плехот од шпоретот на намрсена хартија во претходно загреана рерна на 200-220 степени во зависност од јачината на самиот шпорет.
Исто постапете и со второто тесто. Ова тесто ке биде подебело, но така треба.

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ
Помешајте го нишестето со шеќерот и разматет го со малку млеко/околу 150-200мл млеко од она 1,5л. /, остатокот ставете го да се загрее, кога ќе проврие додајте го нишестето и сварете густ крем, многу погуст од пудинг.
Готовиот крем уште топол поделетего на 1/4 настрана и уште оние 3/4 на половина во кои што уште додека е топол се додава во едото црната чоколада, а во другото белата чоколада да се стопи. Се остава убаво да се излади.
Путерот изматат го убаво се додека не се добие густа бела пена, па додајте го по половина во кремот со бела чоколада, а другата половина во делот со црна чоколада. Добро измиксајте да се добие фина, мазна крема.
Онаа 1/4 од кремот соединете ја со добро изматената слатка павлака. Оставете ги настрана.

ФИЛУВАЊЕ
Црната и белата крема ставте ја во кесичкиза замрзнување на храна.
На чинијата каде што треба да биде тортата се става половина /надолжни пресечено/ од подебелото тесто. Се попрскува со сокот од слаткото од вишни.
На кесите со кремовите одсечете им го еден од врвовите за околу 2см. за да можете да го истиснувате кремот како од шприц.
Врз тестото истиснете на ленти по должина една бела, една црна лента од кремот /како во мојот рецепт за крем ролат /повторно прилог од сликите од тој рецепт/. Врз филот ставете го едниот дел од потенкото тесто/ се сечи на половина надолжно/, се натопува со сокот од слаткото и се повторува истата постапка како и претходно, но со тоа што ако сте почнале со црна лента сега почнете со бела, каде што била белата лента сега треба да биде црната лента од кремот.
Кога ќе завршете со кремовите /на овие две кори треба да се потроши целиот крем од кесичките/, се става вториот дел од потанката кора. Се попрскува со сокот од слаткото и се премачкува со половина од кремот со слатка павлака. Врз него се редат вишните низ целата торта, па се покриваат со останатата половина од истиот крем. После тоа доаѓа втората половина од подебелата кора. Се попрскува со сокот од слаткото. Тортата се остава малку да се стегне додека се подготвува ганашот за прекривање на целата торта.
ГАНАШ
Слатката павлака се става да се загрее, не смее да проврие. Се додава чоколадото и се меша се додека се стопи чоколадото. Се остава да се излади. Кога ќе се излади изгусне се премачкува целата торта. Повторно се остава /најдобро во фрижидер/ да се стрегне уште малку, а за тоа време се подготвува шлаг пената.
Изматетеја и ставете ја во шприц за декорација. Украсетеја целата торта по ваша желба, па надополнете со малку вишни. Средината на тортата посипете ја со наренданото чоколадо.
Од оваа торта се добиваа по две парчиња од ширина на тортата.