Испечати

Видео рецепт: Американски палачинки во 3 бои

Видео рецепт: Американски палачинки во 3 бои

Состојки

  • 270 гр. брашно
  • 2 лажички прашак за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици путер
  • 260 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 250 гр. шумско овошје
  • 1 лажичка куркума
  • 500 гр. спанаќ
  • За СОКОВИ ќе ви треба:
  • Жолт сок:
  • 1 лимон
  • 1 круша
  • 1 тиква
  • Зелен сок:
  • 1 киви
  • 1 спанаќ
  • 1 зелено јаболко
  • Црвен сок:
  • 1 морков
  • 1 црвено јаболко
  • 1 цвекло

Инспириран од новите Делимано Тави за палачинки во 3 бои, Фичо ќе подготви Американски палачинки во соодветни бои, заедно со свежо цедени сокови. Вкусен, здрав и разнобен појадок!

Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење ставете го брашното, шеќерот, прашакот за печиво, солта и три лажици шеќер. А во помал сад ставете го путерот (по можност да е мек).

Во друг сад матете го млекото и јајцата.

Чекор 2: Потоа течната смеса додајте ја во сувата смеса. Матете со жица за да не се направат грутки. Откако ќе ја изматите оставете ја на страна околу 15/20 минути. Потоа поделете ја смесата во три различни садови ставете куркума, шумско овошје и спанаќ (претходно разварен околу 1 минута).

Чекор 3: Во тавата ставете малку масло за јадење и полека сипајте од смесата за да формирате американска палачинка. Печете на средна температура, околу 1,5 минути од секоја страна (зависно од јачината на шпоретот).

СОВЕТ: Американските палачинки може да ги направите во милион комбинации на вкусови и бои, слободно експериментирајте!