Испечати

Солени тркалца

Солени тркалца

Состојки

  • 900гр. брашно
  • 2 јајца
  • 1 маргарин
  • 100мл. масло за јадење
  • 250мл. млеко
  • 1лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 коцка квасец

Подготовка

Одамна ме немаше со рецепт, но тоа не значи и дека не ги следев другите рецепти. Се некако како да се нема време, но тоа и не е за оправдување. Ако сакаш ќе најдеш време. Еве благодарение на Ели4ка која ме прекори зошто не сум активна на Моирецепти еве и од мене еден нов рецепт. Се надевам дека отсега ќе наоѓам време за нови рецепти од мене. Па, да почнам.

Квасецот се меша со малку млеко,  шеќер и брашно и се остава да стаса 10 минути. Потоа од сите состојќи се замесува тесто. Дури и не мора посебно да се стасува квасецот кој како сака така. Јас најчесто и не го стасувам квасецот, но кој сака може да го стаса.
Откако ќе се замеси тестото се остава да одмори околу 20 минути, а потоа се размесува на 4 колачиња. Секое од колачињата се расукува со дебелина од 1 см. и со помош на чашка се вадат крукчиња.
Се редат 2 крукчиња едно врз друго а во средина се става ( убаво се втиснува во тестото) половина зелена маслинка.

Крукчињата се редат во подмачкано плекче, се премачкуваат со јајце и се печат 15 минути на 180 степени. Кога се печени се шири мирис на маслинка (мммммм.....).
Ова се многу декоративни и миризливи соленки кои може да ги спремате за специјални пригоди, но и за еден вкусен доручек или вечера за најблиските.
Добар апетит!