Испечати

Кростоли

Кростоли

Состојки

  • Тесто
  • 250 гр брашно
  • 2 средни јајца
  • 25 гр путер
  • 35 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 1 лажица ракија, мастика или узо
  • 1 мало лажиче прашак за пециво
  • малку рендана кора од лимон
  • По потреба
  • масло за пржење
  • шеќер во прав за валкање на кростолите

Подготовка

Еден вид на традиционални колачи кои се подготвуваат за време на карневалските денови во Венеција се и овие Кростоли. Во различни делови државата ги викаат и со други имиња како кјакере, буѓие, фраппе, ченци и др.

Во сад се ставаат сите состојки за тесто и се замесува тесто. Се префрла на малку набрашнета работна маса и убаво се меси додека тестото постане мазно и еластично. Се витка во најлонска фолија и се остава во фрижидер околу 30 мин. Потоа тестото се дели на два дела.
Од секој дел на набрашнета површина се развлекува-сучи многу, многу тенка кора и се сечат правоаголници 10х5 цм и секој правоаголник на две места се засекува во средината.
Се ставаат да се пржат во поголема количина загреано масло да добијат златна боја. Пржењето оди многу брзо затоа што се многу тенки и веднаш можат да потемнат.
Пржените кростоли се вадат на салфетка да се впие вишокот од масло, потоа се валаат или се посипуваат со шеќер во прав замирисан со ванила.
Многу е важно корите да се многу тенки-слаби за да бидат крцкави и меурести. На дополнителните слики кќе видите дека едната кора е подебела, а другата послаба и разликата е само во изгледот-структурата, вкусот не се менува.