Испечати

Орев бомбици

Орев бомбици

Состојки

  • 4 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 120 гр сецкан орев
  • 150 гр мелен орев
  • 50 гр кандирана кора од портокал
  • 5 лажици мелени чоколадни бисквити
  • за декорација
  • 50 гр чоколадо
  • 1 лажиче маргарин

Подготовка

Над пареа се матат жолчки со шеќер. Кога се згуснати се тргаат на страна и се додаваат бисквитите, оревите и кандираната кора од портокал
Се формираат бомбици и се украсуваат со растопеното чоколадо и маргаринот
Се оставаат да се просушат на воздух и се сервираат.