Јајца на вода со оцет и лук
Состојки
- 2-4-6 јајца (зависно за колку особи се подготвува)
- малку винска киселина
- За бел прелив
- 2-3 чешниња лукче
- малку сол
- 200-400гр. кисела павлака
- За црвен прелив
- малку масло
- 1 лажица пипер буковска
- *Дел од павлаката можи да замениме со кисело млеко или јогурт.....Со што и да се прелијат се вкусни.За мерките ќе ми простите овој пат, не се многу прецизни, бидејќи ги правам од око...
Подготовка
Брза и едноставна подготовка, но мошне вкусни...
Во поширока тава ставаме одредена количина на вода да зоврие. Кога ќе зоврие посолуваме и додаваме малку киселина. Ги кршиме јајцата, (2-4-6...зависи за колку особи спремаме) гледаме да останат цели. Оставаме да се сварат.
Во меѓувреме го спремаме белиот прелив, така што најпрво толчиме 2-3 чешниња лукче со сол, додека стане кремасто. Па додаваме павлака или кисело млеко, колку што сметаме дека ќе ни биде доволно за да ги прелиеме јајцата.
Го спремаме и црвениот прелив. На оган вџештуваме масло и додаваме 1 лажица пипер буковска, промешуваме на кратко да се изедначат состојките и тргаме од оган.
Сварените јајцата ги цедиме убаво од водата, ги ставаме на чинија, полеваме со белиот преливот, па нанесуваме од маслото со пипер.
Со лебче, прсти да излижеш од макање.... А, можи и без лебче... Хахаха...
На здравје!!!