Ролатчиња од италијански омлет
Состојки
- За омлет
- 4 јаца
- 1 свежа, зелена пиперка
- 60гр. чаден врат или кулен
- по желба печурки
- малку сол
- малку кечап
- за фил
- 100гр.ленти кашкавал
- 50гр. маслинки без коска
Подготовка
Се сецкаат пиперката и вратот. Во загреана мрснотија во тефлонска тава на кратко се пропржува половина од сецканата пиперка и вратот. Тоа се полива со 2 изматени јајца со вилушка во кои додадовме малку сол и кечап. Се пржи како палачинка и внимаваме да не ни се скрши.
На истиот начин го припремаме и другиот омлет со останата половина од состојките. Добиваме два омлети.
На едниот омлет се редат лентите кашкавал, а на дригиот се редат сецканите маслинки. Се виткаат ролати и се сечат на помали парчиња.
Се сервираат и декорираат по желба....