Предлог десерт во чаша
Состојки
- 600 мл млеко
- 1 кесичка пудинг каков ви се најде дома
- по потреба бисквити
- по потреба чоколадо
- по вкус цимет
- малку инсант детско какао и чоколаден прелив
- по малку екстракт рум и ванила
Подготовка
Идејата дојде кога маж ми донесе дома купени чашки десерт кои беа баш како пудинг со топени кекси внатре. Си реков добра идеја да ги лажам со благо по дома кога се нема време за правење нешто посложено.
Многу брзо се спрема многу брзо се јаде (чекањето да се олади им е многу тешко).
Пуднгот се вари стандард само што е со малку повеќе млеко. Намерно е така за да биде малку потечно (доаѓа како топло чоколадо)
Спремете си 5 чаши (јас ставам во 4, детево сака од тенџерче да си срка тоа што е вишак). Ако сакате секоја чаша ишарајте ја со чок.прелив. Скршете по 1,5 бисквита во секоја чаша, капнете по малку од екстрактите и полејте со сварениот пудинг. Ставете малку цимет, чоколаден прелив и инстант детско какао. И најтешкиот дел, почекајте да се олади.
Уживајте во овој лесен десерт.