Омлет со шпагети и мортадела
Состојки
- 4 јајца
- 150гр. интегрални шпагети
- 60гр. мортадела
- 3 лажички пармезан
- по потреба сол, мелен црн бибер, масло
Подготовка
Еве една идеја од мене за малку поинаков омлет.
Со малку состојки може да имате убав доручек, ручек или вечера, по ваш избор.
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
Во сад изматете ги јајцата. Додајте ги сварените шпагети, пармезанот и мортаделата исечена на мали коцки.
Посолете , наросете црн бибер и убаво измешајте.
Во тава на оган ставете масло да се загрее, а потоа додајте ја смесата.
Откако омлетот ке се испржи од едната страна, поклопете ја тавата со поголем плиток капак или плитка тава и превртете.
Вратете го омлетот во тавата за да се испржи и од другата страна.
Послужете го топол со свежа салата.