55 Мекици за малата Викторија
Состојки
- Тесто
- 2 кг брашно
- 4 јајца
- 2 гр свеж квасец
- 500 мл млеко
- 500 мл вода
- сол по вкус(2лажици)
Подготовка
Ова тесто го правам одвечер во сабота, за кога наутро во недела ке станам да почнам веднаш да ги пржам мекиците. Овие беа за комшивката по повод раѓањето на нејзината внука. Излегоа 55 мекици.
Се замесува од сите состојки освен од маслото меко скоро течно тесто. Ова јас го правам со дрвена лажица. Се остава да надојде. Кога ќе стаса пак се меша со лажицата, тестото ќе спласне и одново се покрива со крпа да надојде. Финтата е колку повеќе се меша со лажицата толку повоздушести ќе бидат мекиците и плус тоа мекички.
Значи може и одвечер да се замеси тесто, да се измеша неколку пати -да стаса 2-3 пати и да се покрие со фолија и право во фрижидер да стои до утре. И утрото се прават мекиците.
Овие јас ги стасував скоро 2 часа со повремено мешање.
Се зема длабоко тенџере со масло и се остава да се загрее. Со намрснати раце се зема едно топче од тестото и се обликуваат мекиците. Се пржат во маслоо од двете страни и се оставаат на салфетка да се исцеди маслото. Мекиците не се ни најмалку мрсни, а осануваат меки дури и наредниот ден. Ако ви остане од тестото оставете го во фрижидер со фолија за друг ден. Тестото може да стои и 5 дена во фрижидер-но не во замрзнувач.