Испечати

Ќофтиња со црн дроб

Ќофтиња со црн дроб

Состојки

  • 600 гр црн дроб (може пилешки, свински, говедски )
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • по потреба сол и бибер
  • 3 лажици брашно
  • 3 чешчиња лук

Подготовка

Црниот дроб, кромидот и лукчето сомелете го во машина за месо или во сецко.

Во сомелената смеса додадете го јајцето, сол и бибер и брашното измешајте се убаво заедно.

Во загреано масло пржете ги ставајки од смесата со лажица. Пржете ги на умерена температура кога убаво ќе се испржат од едната страна превртете ги од другата.
Пријатно јадење!