Испечати

Ролована пита или Ролат пита

Ролована пита или Ролат пита

Состојки

  • 500 гр. кори за пита
  • Фил
  • 500 гр. сирење или урда + 4 јајца
  • 1 чаша = 250 мл. јогурт
  • 3/4 чаша зејтин
  • 1 пециво
  • За натопување
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1 јајце

Подготовка

Идеални мали гибанички.
 
- Корите раздвојте ги на два еднакви дела
Фил
- Сматете ги јајцата и додадете ги останатите состојки, добро промешајте да се спојат сите состојки
Оформување
- Земете првата кора и истата ја попрскувате само со зејтин, врз неа ставете втората кора и премачката со филот, ставате трета кора и пак со филот се премачкува и се така додека се потроши првата половина од корите. Замотајте во ролат и оставете во послужавник или друг адекватен сад.
- Истото направете го и со вториот дел од корите.
- Ставете ги сега ролатите во фрижидерот за длабоко замрзнување нека одстојат околу 2 часа.
За натопувањето
- Сматете ги јогурот и јајцето
Потоа....
- Извадете ги и сечете на парчиња во дебелина од околу 2 см.
- Секое парче натопете само едната страна и наредете во тавче во кое сте ставиле хартија за печење. Натопената страна со јогуртот треба да биде нагоре.
- Ставете да се пече во предходно загреана рерна и се пече. Тие се готови кога ќе поруменат. Извадете ги, покријте да омекнат.
Совет
- Доколку не планирате да ги печете сите парчиња, слободно исечени ставете во кеса и вратете во замрзнувачот, ќе се најдат за изненадни гости. Вака замрзнати само ќе ги макнете во јогуртот и јајцето, редете во тавчето, вклучете рерната и ставете ги да се печат. Додека се загрева рерната тие полека се одмрзнуваат и се печат. Се е како што треба да биди иако сте ги ставиле замрзнати, не им се плашете и не им ја многу мислите дали ќе ги биде или не - ги бива.
- Можете да ги посипете и со сусам или микс на семиња.
- Можете да ги филувате и со спанак или блитва - ако насецкате и додадете во филот.