Испечати

Прелиена мусака со кисела зелка

Прелиена мусака со кисела зелка

Состојки

  • За основата
  • околу 700-800 гр. ситно исечена кисела зелка
  • 300 гр. мелено месо
  • 150 гр. ориз
  • 1 кромид
  • 100 гр. чадена сланина
  • на вкус зачинки ловоров лист, бибер, сув зеленчук, малку мелен црвен пипер
  • За прелевање
  • 200 мл. кисела павлака
  • 2 јајца

Подготовка

Во мојот крај - само да не беше залиена оваа мусака ќе носеше име Растурена сарма, но одлучив да ја направам оваа прелиена или што велат Битолчанките - Потурена мусака, онака како што ја прави Сузе Танаскова. Вака спреманата мусака си го завзеде почесното место во моето мени.
И сега вака, значи како ја спремив јас
- Ситно односно на тенки лентички исечена кисела зелка се става во касеролата да се прво подвари во малку расолница до омекнување, додадов и ловоров лист, потоа ставив зејтин, по што продолжив да ја пржам зелката до нејзина потполна готовност. Тргнав настрана и ја зачинив со бибер. Сол не ставив бидејки е солена - само овкусив со сушен зеленчук.
- Во тавка ставив да се пржи ситно сецканиот кромид, додадов меленото месо, се пржеше по што го додадов и измиениот ориз - се заедно пржев. Го осолив малку со сол и сушен зеленчук, додадов бибер и 1 мало лажиче мелен црвен пипер. Измешав.
- Пржената зелка се дели на два еднакви дела, се става во тавче прво едниот дел од зелката- врз неа месото и оризот, се покрива со останатиот дел од зелката.
- По вториот ред зелка, се става димената сланина
- Се залива со вода или расолница сооднос со оризот 1 према 3 - се става во рерна да се печи.
- Се матат заедно киселата павлака и јајцата, се залева веке печената мусака, се врака назад да се подпечи преливот.
Прекрасен ручек имавме.
Сузе - благодсарност од мене и семејството!
- Не ставам подварен ориз бидејки секогаш го сакаме онака Да му се зрното брои...