Сок за намалување на триглицериди
Состојки
- 400гр корен од целер
- 1кг лимон (10 парчиња лимон)
- 2 литра вода
- Комбинација
- 2 лажици мед
- 1 лајче цимет
- многу желба
Подготовка
Овој сок го направив за мојот маж, бидејки имаше покачени
триглецириди. Од овој сок испи две дози и ја проверивме крвта и
навистина беа смалени маснотиите во крвта.
Се земаат лимоните и убаво се мијат со вода и сода бикарбона. Се сечат
на тркалца и се додава ренданиот целер. Сето ова се полива со 2 литра
вода и се става на рингла да се зоврие. Ова треба да врие на најсилно
20мин. Се трга од шпоретот и се покрива со капак и се остава 6 саати
да стои. Јас го оставив цела ноќ.
Утредента течноста се цеди и се става во шише да стои во фрижидер.
Се пие 3 пати на ден пред јадење по 100мл од сокот(има убав вкус)и се
меша со 100мл вода. Значи 100мл сок+100мл вода се пие
Одкако ќе се испие течноста се пие уште во пола чаша со вода 2лајчиња
мед измешано со 1 лајче цимет.
Проверено!
Плус и нема никаква штета.
(Откако ќе се испие дозата се повторува уште еднаш сокот и се прави анализа).