Тавче ориз со мелено месо и златна мешавина
Состојки
- 300 гр мелено месо
- 1/2 кесичка смрзната златна мешавина (200 гр)
- 1 шоља (од 250 мл) ориз
- 1 страк праз
- по вкус зачини
- 3.5 шољи (од 250 мл) топла вода
Подготовка
Моево дете колку што знам не е кинез, ама ориз обожава во секоја варијанта ))) Денес го спремив вака, па еве со вас да споделам. За вкус не коментирам нас ни се допаѓа, особено на детулево, тој за ориз никогаш нема да каже не чини )))
Лесно брзо и едноставно јадење, ќе ви се најде во недостаток на време .
Празот ситно се сецка и се става во тавче со малку масло. Се пропржува и се додава меленото месо. зачинува по желба и со повремено мешање се крчка околу 15 мин и се додава смрзнатата златна мешавина и на крај оризот. Се пропржува додека испари целата течност и се додава водата. Кога ќе зоврие убаво се става во тава за печење и се става во загреана релна на 200 степени околу 40 мин (додека испари целата течност). И тоа е тоа. На крај уживајте во ручекот.
Добар апетит