Испечати

Маринирани кременадли со кромид

Маринирани кременадли со кромид

Состојки

  • 4 кременадли
  • 2 лажички сенф
  • по потреба мешан сув зачин, црн бибер
  • Маринада
  • 120-150мл. црвено вино
  • 3 чешниња лук
  • 1/4 лажичка рендан ѓумбир
  • 5-6 ливчиња свежа жалфија
  • Други состојки
  • 3 големи главици кромид
  • 2-3 суви пиперки
  • околу 120мл. вода
  • по потреба сол. црн бибер, мешан сув зачин, маслиново масло

Подготовка

Во сад ставете го виното, сецканиот лук, ливчињата жалфија и ренданиот ѓумбир.
Кременадлите премачкајте ги со сенф, посолете ги и наросете црн бибер.
Ставете ги во маринадата, покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 2 часа.
Откако ќе отстои ставете ги кременадлите во тава со малку масло да се пржат.
Во тавата додајте ја и маринадата. Пржете ги додека месото зарумени.

Во друга тава со масло ставете го кромидот исечен на тенки кругови, пиперките исечени на покрупни парчиња.
Посолете, наросете црн бибер и малку мешан сув зачин.
Налејте ја водата и покријте ја тавата со капак.
Оставете кромидот да се готви на тивок оган, со повремено промешувања(но, не многу често).
Откако водата ќе изврие, пропржете го кромидот на маслото и послужете го со месото.