Испечати

Домашни равиоли во сос од горгонзола

Домашни равиоли во сос од горгонзола

Состојки

  • Тесто
  • 200гр. брашно
  • 2 јајца
  • За полнење
  • 230гр. рикота
  • 120гр. тенки ленти шунка
  • прстофат сол и бибер
  • Сос
  • 50мл. млеко
  • 3 лажички горгонзола
  • 3 лажици пармезан
  • сосема малку мелен црн бибер

Подготовка

На работна површина ставете го брашното. Направете во средината поголем отвор и ставете ги јајцата.
На почеток со вилушка разматете ги јајцата, а потоа постепено со раце замесете го тестото.
Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете го во фрижидер да отстои неколку часа.
Во сад измешајте ја рикотата со шунката исечена на мали парчиња.
Сосема малку посолете и наросете бибер.

Откако тестото ќе отстои си подебело сукало развлечете тенка кора.
На помали растојанија нанесете од филот. Околу секое дел каде е филот премачкајте ја кората со вода и преклопете ја кората.
Со прсти убаво со притискање истиснете го воздухот околу делот кај што е филот и исечете на коцки.
Со вилушка притиснете ги коцките од сите страни.
Повторете ја постапката со остатокот од кората.
Отакако ќе ги направите равиолите ставете ги да отстојат во фрижидер(јас ги оставив 1 час).

Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги равиолите да се варат.
Во меѓувреме подгответе го сосот

Во сад на оган ставете го млекото да се загрее. Додајте ја горгонзолата и пармезанот, наросете малку црн бибер и мешајте додека се згусти.

Во чинија за сервирање ставете од сосот и одозгора нанесете ги равиолите.

Свежата паста одзема малку повеќе време, но мене некако ми е највкусна, кој ќе бендиса нека проба!