Карамела пралини
Состојки
- 100 гр карамели со вкус на лешник
- 50 мл млеко
- 50 гр путер
- 100 гр црно чоколадо
- 120 гр потпечени и мелени лешници
- 100 гр мелени бисквити
- 200 гр чоколадо и 1 лажица масло за премачкување на калапите
Подготовка
Во тенџере на оган, на тивко се ставаат карамелите, млекото, путерот и чоколадото да се растопат.
Се трга тенџерето од огнот и се додаваат мелените лешници и мелените бисквити.
Се земаат силиконски калапи и со четка убаво во 2-3 слоја се премачкуваат со 200 гр растопено чоколадо.
Во средината на секое калапче се става од смесата со лешници и најгоре повторно се става од растопеното чоколадо.
Се оставаат убаво да се стегнат и се вадат внимателно од калапите и се сервираат