Извртена погача
Состојки
- 600гр. бело брашно
- 30гр. свеж квасец
- 1 јајце
- 1 белка од јајце
- 100мл. зејтин
- 2 лажици кисела павлака
- 2 лажички сол
- 1 лажица шеќер
- 250-300мл. млако млеко
- 1-2 лажици стопен маргарин (за премачкување на корите)
- 1 жолчка за премачкување одозгора
- сусам, ким
Подготовка
1. Квасецот растопете го во малку млеко и додадете по 1 лажиче шеќер и брашно па оставете да стаса.
2. Во длабок сад, ставете ги сите состојки за тестото освен маргаринот. Кога квасецот ќе стаса, додадете го во садот и постепено налевајќи од млекото замесете мазно и меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво измесете го па вратете го во садот за да стаса додека волуменот се дуплира.
3. Кратко премесете го тестото и поделете го на 5 дела од кој едниот ќе е помал од останатите 4 дела. Најмалиот дел тргнете го на страна.
4. Од секој од четирите дела расукајте округли кори со пречник од 24цм. Секоја премачкајте ја со стопениот маргарин и наредете ги една врз друга. Последната кора не се премачкува. Ставете ги корите врз хартија за печење која претходно сте ја исекле со пречник од 26цм. и ставете ги во калапот за печење.
5. Со остар нож или нож за пица исечете осминки но не до крај. Оставете барем 1цм. од работ на кората. Земете ја едната осминка и повлечете ја кон ѕидот од калапот. Земете ја втората осминка, провлечете ја одоздола и влечете ја кон внатрешноста (средината) на калапот. Повторете ја постапката и со останатите делови. Едната осминка ја влечете кон ѕидот од калапот, па таа до неа ја влечете кон внатрешноста.
6. Најмалиот дел од тестото оформете го во топче колку што ќе е голем отворот во средина на погачата и за да може врвовите од четирти осминки да ги покрие . Врз него може да ставите форми и декорација од тесто. Покријте со крпа и оставете да стаса.
7. Премачкајте со разматена жолчка и посипете со сусам и ким.
8. Печете на 200° во претходно загреана рерна околу 25-30 мин. Некаде 10мин. пред крајот покријте ја со фолија за да не ви изгори.