Тегнета пита со јаболко и суво гројзе
Состојки
- 500грама брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 250-300милилитри вода
- 5-6 јаболки
- 50грама суво гројзе
- 1 кесичка цимет
- 1 филџан (125мл) зејтин
Подготовка
Се замесува тесто кое предходно убаво се изработува од него се формират 5 кори кои се премачкуваат со зејтин. Корите се ставаат на крпа посолена со брашно и се оставаат да одморат 15 минути. Затоа време јас си го подготвувам филот ги лупам јаболките ги ставам во сецко заедно со сувото гројзе и циметот.
На веќе спремен чаршав земаме кора и нежно ја тегнеме од сите страни додека не ни ја покрие целата маса. Кората ја намрсуваме со зејтин го ставаме филот и го одстрануваме крајот на кората мотаме во долг ролат. Вака подготвена кора ја ставаме во плех обложен со хартија. Не го мрсам плехот затоа што ми доаѓа многу мрсна питата. По завршување на сите кори со четкичка ги мачкаме со зејтин и печеме на 200степени првите 15 минути потоа намалуваме на 180 уште 15 мин.
Питата ја посипуваме со шеќер во прав. Добар апетит!