Испечати

Колачиња со пржен кокос

Колачиња со пржен кокос

Состојки

  • 1 маргарин
  • 100 грама шеер во прав
  • 1 рендан лимон
  • 250 грама нишесте
  • 200-250 грама брашно
  • 50 грама кокос

Подготовка

Колачињата брзо се подготвуваат и можат подолг период да стојат.

Во длабок сад се мати маргаринот и шеќерот во прав потоа се ренда лимонот.
Се мешаат сувите состојки и се додаваат во смесата со маргаринот.
Замесуваме тесто и го оставаме 1 час во фрижидер.
Од тестото правиме долгнавести ролатчиња ги сечеме на по 2 сантиметри
ги обликуваме колачињата и во нивната внатрешност ставаме тостиран
кокос.
Колачињата се печат на 200степени многу кратко околу10-15мин