Непечена ресана торта со банани
Состојки
- 500гр бисквити и течност од една тегла компот по желба-/компот со светла боја на течноста/јас користев од кајсија
- 2 кесички шлаг пена со вкус на слатка павлака
- околу 200мл млеко за подготовка на шлаг пената
- ПОТРЕБНО ЗА КРЕМОТ
- 500мл слатка павлака
- околу 100мл млеко
- 5-6 лажици шеќер во прав
- 2 кесички шлаг крем од ванила
- 250мл млеко /за подготовка на шлаг кремот/
- 20гр/2 паковања/ желатин
- 1 кг јафа бисквит / ресана/
- околу 8-9околу 1,5 кг/ банани
Подготовка
Ова е малку поголема торта / 33см х 33 см/, но ако сакате помалечка можете да ги преполовите состојките.
Јас ја подготвував во плехче со димензии 33х33
Најпрво се подготвува кремот-фил. Се мати слатката павлака со шеќерот во прав и шлаг кремот. Желатинот се натопува да набубри, а потоа се раствора во 100-150мл вода на тивок оган. Не смее да дојде до вриење.
Се заедно се соединува со непрекинато матење со миксерот слатката павлака, шлаг пената и постепено се додава растопениот желатин во танки млазеви.
Плехчето се прекрива со хартија за печење за да не се залепат бисквитите при вадењето на парчињата.
Во садче се тура течноста од компотот. Ви препорачувам компот со светла боја-кајсија, праска,ананас - за да не ви се обојат бисквитите при натопувањето. Секоја бисквита се натипува во течноста и дното од плехчето се прекрива со бисквити. Дел од кремот се мачка над бисквитите /околу 1/6, од кремот/. Бананите се сечат на кругови и се редат над кремот. За бананта да не ви поцрни - премачкајте ја со сок од лимон или малку растворен лимонтус. Не ги сецкајте сите банани одеднаш, само по потреба, така ќе избегнете да ви поцрнат. Повторно премачкајте крем и сега наредете ја целата површина со јафа кексот-ресаната.
Страните на плехчето обложете го со бисквити, но НЕ СЕ НАТОПУВААТ, се редат исправени.
Повторно се става крем, па банани, крем, па ресани, повторно крем и се завршува со кругови од банана, па целата торта се прекрива со крем. Така приготвена се остава во фрижидер да одстои околу 1 до 1,5 часа за да може да се стегне кремот.
Подгответе ја шлаг пената. Можете овој дел од подготовката да го направите и со 200мл слатка павлака изматена во густа пена, но јас ја сакам повеќе со шлаг, па целата торта премачкајте ја со истата од страните и одгоре. Оставете дел за декорација.
Останатиот дел од шлагот ставете го во шприц за декорирање и украсетеја целата торта.
За декорацијата да биде поефектна на дел од истата на површината на горниот дел од тортата јас му наросив какао.
Оваа торта е посебно освежувачка во летните периоди послужена со топче сладолед...