Испечати

Руски шубари со бомбици

Руски шубари со бомбици

Состојки

  • 5 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 1 филџан (100мл) масло
  • 1 филџан (100мл) млеко
  • 1 прашок за пециво
  • 18 лажици брашно
  • - фил -
  • 1 литар млеко
  • 250 гр шеќер
  • 2 пак. ванилин шеќер
  • 6 и пол лажици густин (нишесте)
  • 185 гр маргарин (3/4 од коцка)
  • околу 200 гр кокос

Подготовка

Овие руски капи се по рецептот на мајка ми. Имам уште 2 рецепти, едниот од една комшивка, а другиот немам поим од каде ми е. Испробани се сите, но овој (не дека е од мајка ми) но останува според мене најдобриот, па затоа се одлучив него да го издвојам и претставам пред вас.

Убаво се матат јајцата и шеќерот. Се додаваат маслото и млекото и на крај пецивото и брашното. Смесата се излива во подмачкан плех од шпоретот (јас последно време ставам и пек хартија) и се става да се печи. Температурата не е прецизирана, нека е репер некои максимални 180Ц. некои 15на мин. со одокативно отценување спрема силата на рерната.
Кога е готово, се остава да излади и со ракиена чаша се вадат кружни форми.

За припрема на филот, дел од млекото се раствора со густинот и се заедно без маргаринот, се вари во крем. Во топлиот крем се миксира маргаринот до компактност.

Со филот се лепат по две од исечените кругови, се премачкуваат и од страна, па се валкаат во кокос. Одозгора се става чоколадна глазура. Можи да растопите чоколадо и масло, а можи да си направите и од какао, маргарин, шеќер, млеко или вода. Јас покрај последниве наведени додадов и 50 гр чоколадо.

Од остатокот на изрезоците и филот направете си бомбици, така што ќе ги измашате, ќе додадете мелени и ситно сецкани јаткасти плодови (во овој случај лешници) и малку мелени бисквити. Бомбиците извалајте ги во кокос или по желба. Секако дека можи да се додај и ситно сецкано желе, крем бананчиња... препуштете се на имагинацијата и вашите желби и можности.