Пирошки со компири во тестото
Состојки
- 200 мл млако млеко
- 2 жолчки
- 1 пресен квасец
- 2 средни варени и пасирани компири
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2лажиче сол
- 500 гр брашно
- за фил потребно е
- 200 гр урда
- за друга варијанта фил
- 150 гр сецкана шунка
- 150 гр сецкан кашкавал
- 150 гр сецкани маринирани шампињони
- 1 лажиче оригано
- 100 мл кечап
- за валкање на пирошките
- 2 изматени белки
- 250 гр презла
- 500 мл масло за пржење
Подготовка
Од втасаниот квасец, сол, шеќер, жолчки, компири, млеко и брашно се замесува тесто, да биде средно меко.
Се дели на 4 топки.
Секоја топка се расукува во коричка, на крајот се става од филот по желба, се завиткува пирошка, се сечат и така се повторува постапката со целото тесто и фил.
Се валкаат прво во белка, па во презла и се пржат на врело масло и се редат врз лист хартија да ја впијаат мрснотијата.