Испечати

Свинско со зеленчук на мој начин

Свинско со зеленчук на мој начин

Состојки

  • 500гр. свинска кртина
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица соја сос
  • 1-2лажици масло
  • 100-150 мл. бело вино
  • 300мл. вода
  • од зеленчук
  • 1 парче големо праз
  • 1 главица кромид
  • 1 главица лук
  • 1-2 парчиња моркови
  • 1 мала лажица сув зачин, коријандер во зрно, црн пипер, низ прсти црвен фино мелен пипер

Подготовка

Кртината се сече на парчиња.
Настрана во сад се става сенфот, соја сос и лажица-две масло. Со таа мешавина се меша цело месо и се остава да стои додека се приготвува зеленчукот. За зеленчукот потребно е само сечење на големина која вам ви одговара.
На масло во голема тефлон тава се става месото нека пропржи со постојано мешање, се додава виното, нека крчка, целосно да се испари и повторно да стигне до точка на пржење. Сега налеваме 100мл. вода. Истата постапка се крчка додека не пропржи. Цела вода ја ставив на 3 пати, при што последниот пат се додаваат морковите и зачините. Кога извари и таа вода се става сечкан зеленчукот, нека пржи со мешање, се додава сосема малку фина мелена пипер(црвена) повремено се става по некоја капка вода да се омекнува.
На крај за прилог од зимницата пиперки во сенф, толку за комплет оброк.