Испечати

Тарабички од суво овошје

Тарабички од суво овошје

Состојки

  • 250 гр суви смокви
  • 100 гр сува брусница
  • 80 гр растопено црно чоколадо
  • 50 гр кокос
  • 1 мандарина
  • 130 гр мелени ореви

Подготовка

Прво на машина за месо се мелат смоквите и брусницата. Потоа се додаваат оревите, кокосот, чоколадото и сокот од мандарина.
Убаво се измесува со рака, се формираат долги форми како молив и се сечат парченца како тараби.