Испечати

Скромен ручек со компир

Скромен ручек со компир

Состојки

  • 1 кг компир
  • 150 гр сирење
  • 100 гр салама мартадела
  • 1 лажица маслиново масло
  • 3-4 лажици масло
  • 1 лажица мешавина од зачински билки

Подготовка

Компирите ги вариме, ги лупиме, ги сечкаме на големи парчиња и ги ставаме во тава. Сирењето го рендаме или сечкаме, го полеваме со маслиновото масло и со зачинските билки (рузмарин, босилок, бибер во зрно, мајчина душичка, црвен пипер и сл.) па го распоредуваме врз компирот. Саламата ја сечкаме, ја виткаме во мини фишечиња и ја редиме врз компирот. Залеваме со масло. Печеме на 200 степени во загреана рерна околу 10 минути.