Роденденска торта Hello Kitty
Состојки
- За пандишпан (потребно се 3 пандишпана)
- 8 јајца
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 7 лажици мелени ореви
- 1 кесичка прашок за печиво
- За црн фил
- 4 јајца
- 10 лажици шеќер
- 100гр. чоколадо за готвење
- 3 банани
- 250гр. путер
- 2 лажици брашно
- 200мл. млеко
- За бел фил
- 3 јајца
- 10 лажици шеќер
- 120гр. брашно
- 250гр. путер
- 500мл. млеко
- 100гр. бело чоколадо
- За премачкување
- 200гр. крем од лешници
- 250гр. путер
- За украсување
- 3 дози фондан по рецепт на Маргарит4е
Подготовка
Подготовка на пандишпанот
Во подлабок сад ги додаваме јајцата и шеќерот и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа во садот ги додаваме брашното, прашоокот за печиво и оревите и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Смесата од садот ја нанесуваме во тава обложена со хартија и печеме 30мин. на 180 степени.
Подготовка на црниот фил
Во тенџере на оган го налеваме млекото, ги додаваме јајцата, шеќерот и брашното и мешаме со жица додека смесата не ја добие потребната густина. Потоа го тргаме тенџерето од оган и во него ја додаваме искршената чоколада и мешаме со жицата побрзо да се растопи чоколадата.
Во подлабок сад со миксер го матиме путерот додека не стане кремаст. Го додаваме изладениот крем и матиме уште со миксер додека филот не се соедини. Бананите ги пасираме и ги додаваме во садот со филот и мешаме повторно со миксер додека филот не се соедини.
Подготовка на белиот фил
Белиот фил го подготвуваме на ист начин како и црниот, само што во белиот не ставаме банани.
Подготовка на филот за премачкување
Во поголем сад го матиме омекнатиот путер додека не стане пенест, потоа го додаваме и кремот од лешници и матиме уште со миксер додека смесата не се соедини.
Редење на тортата
Првиот пандишпан го филуваме со црниот фил, а вториот со белиот фил. Откако ќе ја филуваме, целата торта ја премачкуваме со филот за премачкување, па украсуваме со фонданот.
Во оваа прилика и се заблагодарувам на Маргарит4е за рецептот за фондан. Никогаш немав правено фондан со маргарин, пријатно се изненадив многу сум задоволна.