Ружички-кифли
Состојки
- Тесто
- 550мл млако млеко
- 1 квасец 40гр + 700/800 гр брашно
- 10 лајчиња шеќер
- 1 лажица сол
- 12 лажици масло
- Фил - изварка, сирење и спанаќ
- 1 јајце за премачкување
- сусам по желба
Подготовка
Се замесува тестото од наведените состојки. Се остава на надојде и после пак се размесува. Се кинат топчиња од тестото и се расукува круг со големина колку тацна од кафе. Се засекува од сите 4 страни и се става фил. Се витка во форма на ружа и се ставаат во калапи од мафини. Се оставаат да надојдат. Потоа се премачкуваат со јајце и сусам и се печат на 180С/25мин.
Наздравје!