Испечати

Кростата со кора од лимон

Кростата со кора од лимон

Состојки

  • Ровко тесто
  • 250 гр. остро брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици шеќер
  • прстовет сол
  • реднана кора од половина лимон
  • 1 белка
  • 125 гр. маргарин
  • За полнење
  • 300 гр. мармалад или џем (ваш избор)
  • За премачкување
  • 1 шолчка и малку зејтин
  • За посипување
  • малку шеќер во прав

Подготовка

Една млада Маријана ја нарекува Кростата ала мармелата, ја обожавам, мислам и Маријана и кростата која ја правам по нејзин рецепт и еве овде да ја поставам
 
- На брашното додадете ја солта, шеќерот, ванилата, ренданата кора од лимон, белката и на тенки листови исечениот маргарин. Замесете тестото што е мошно побргу - битно е да остане тестото ладно.
- Расукајте кора во големина на модлата за кростата која предходно сте ја подмачкале и побрашниле доколку е тоа потребно.
- Со помош на сукалото префрлете ја кората во модлата, по работ на модлата исечете ги краевите на кората како би била рамна, формирајте ја формата налегајки со прстите кон зидовите на модлата.
- На неколку места со вилушка избодете ја кората.
- Распоредете го мармаладот или џемот, украсете со вишетокот од тестото од кое сте направиле ленти, ставете ја во фрижидер да се тестото добро олади.
- Печете во предходно загреана рерна на 180 степени околу 25-30 мин. Готова е кога ќе забележите дека надворешните рабови добиле заруменета боја.
- Сервирајте ја ладна посипана со прав шеќер.
Забелешка
- Јас ја печев во Делимано модлата и не беше потребно воопшто ништо да подмачкувам, кората директно ја поставив во модлата.
- Овде е битно да тестото биде ладно пред самото печење.
- Ние не ја чекавме ниту да се олади, а дека требаше да ја посипам со прав шеќер на крај памет не ми падна, па како може - едноставно само се чекаше да сликам и да сум ја служела, а шеќерот во прав се посипува на оладена, така да, во презентацијата изостанува конечниот изглед на оваа кростата со многу фино ронливо тесто.