Испечати

Салата со печено цвекло

Салата со печено цвекло

Состојки

  • 600 гр. цвекло
  • 4 чешниња лук
  • 6 лажици цедено кисело млеко или кисела павлака
  • 100 гр. сецкани или толчени ореви
  • од 1 лимон сок
  • 4 лажици зејтин
  • на вкус сол , бибер и копар
  • 100 гр. кисели краставички

Подготовка

Лесна и вкусна салата
Припрема
- Измијте го цвеклото, со слафета избришете го. Поставете го на алу-фолија, залијте со 2 лажици зејтин, посолете, ставете бибер и копар. Додадете околу 100мл. вода, затворете ја фолијата ис тавете да се пече во рерна околу 2 часа.
- Извадете го, нека се поизлади, излупете го, изрендајте го.
- Во ренданото цвекло додадете сецканата краставичка, толчените лук и ореви, цеденото млеко или павлака. Додадете го сокот од еден лимон, останатите 2 лажици зејтин - измешајте.
И ... уживајте...

Забелешка
- Можеби ќе ви се стори многу време е печење, нели тука веке економичноста, јас тој проблем го решив така што отидов кај комшии со веќе замотано цвекло, го тутнав во нивната рерна (да не трошам струја) .
- Досега не бев пробала печено цвекло, додека рендав, ја намалив количината на цвеклото, тоа многу вкусно вака печено, дури ме стави во мисла дали воопшто да го спремам како салата или така да го изедеме... одлично е.