Тесто со стартер -Tangzhong starter
Состојки
- За стартерот
- 250 мл. вода, млеко или мешавина 50-50
- 50 гр. брашно
- За тестото
- 350 гр. брашно
- 55 гр. шеќер
- 5 гр. сол
- 1 јајце поголемо
- околу 7 гр. млеко во прав (не е здолжително)
- 125 гр. млеко
- 120 гр. од стартерот
- 5-6 гр. инстант квасец
- 30 гр. путер или маргарин
Подготовка
Тангзхонг стартерот - чуда создава. Најмеко тесто со некој чудно убав вкус.
Имам јас еден рецепт по секавање напишан, доста погоден, но јас не ја завршив таа мисија во потрага по рецептот, напротив - сеуште ја барам тајната на тие највкусни бухтли и кифли кои мајка ни ни ги правеше.
Пред многу време во улилиштето ни даваа некое американско млеко во прав, некој намаз за кој сеуште се секавам на убавиот вкус, но незнам што беше тоа, дали кајмак, дали путер... не знам. Го немам никако повеќе сретнато од тоа време наваму. Тогаш само знам дека пораснавме на сега популарната Ајпрен чорба - кај нас Јајца на вода и наместо сегашните пудинзи - Пелте од нишесте. Ќе се свареше пелтето, во него за подлажување суви сливи, корките леб, ние лажиците и скрање. Секогаш кога ќе имаше сув леб се вареше Пелтето. Тогаш запаметив дека мајка ми со дел од пелтето ќе замесеше тесто, ќе напрвеше ама најубави бухтли и кифли, жолти како алтан. Го користеше и тој намазот што ни го даваа, можеби од него и беа чудно вкусни, не знам. Затоа велам дека мојата мисија во врска со тоа тесто не е завршена, уште ќе трагам.
Ќе го поставам и првиот рецепт за кого нашата ЛиЛиН ме подсети, таа редовно спрема колачиња за коледе од тоа тесто.
Па драги мои, повелете, напрвете и за вкусот на тестото ќе се јавите сами, знам јас, значи од ова тесто спремајте што ви е на кеф - сладок леб, бухтли, слатки кифли... што ви е по воља,
Најпрво спремете го стартерот
- Во водата или млекото (зависи што сте одбрале) разматете го брашното и сварете до густина на пудинг - тргнете настрана
Тесто
- Стопете го путерот и оставете да олади.
- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното кое ќе го измешате со солта, шеќерот, истант квасецот, додадете јајцето, млекото и стартерот.
- Замесете тесто кое ќе го домесете додавајки го оладениот путер.
(Тестото ќе е меко и лепливо, не грижете се)
- Оставете го на собна температура да стаса. (околу 1 час)
- Размесете го на побрашнета површина и поделете на 4 дела. Направете 4 топчиња. Покријте ги и оставете да одморат 15 мин.
- Секое топче расукајте го во помала овална кора, премачкајте со малку маргарин, замотајте во ролна, со прстите спојте го работ и повторно расукајте, повторно замотајте во ролат. Поствете во модла во која сте ставила хартија за печење (ако е силикон - нема потреба од хартија). Така постапете со останатите 3 топчиња.
- Оставете повторно да стаса. Кога ќе се наполни модлата до 3/4, премачкајте со јајце, доколку сакате посипте со некое од семињата. Ставете да се пече на предходно загреана рерна на 180 степени, 30-40 мин.
- Печено извадете, малку нека постои во модлата, потоа извадете и ставете на решетка до потполно оладување.
Ќе се уверите дека имате најмеко тесто досега, а за вкусот - молам - ќе чекам коментари.
Забелешка
- Бидејки бев во мисија со ова тесто, јас замотав само ролнички без ништо, добив убаво мек и совршен на вкус млечен леб.
- Вие одберете што ќе направите со ова тесто, пробајте
- Следниот пат јас би оставила малку од тестото и во него ќе додадам какао, па ќе го сукам некако и мотам. Шарено лепче, а ќе морам да пробам и само со жолчки - некои состојки да поднамалам, некои да зголемам. Ќе видам, ќе си пробам силите и само ќе пробувам. Упорна сум во врска со тој рецепт.
Само да кажам дека мисијата не е завршена, уште сум во потрага- морам да дојдам до тие мои носталгични бухтли... жолти како алтан.