Испечати

Печиво со млад кромид - Kellane

Печиво со млад кромид - Kellane

Состојки

  • 2 шољи(од 250мл.) брашно
  • 1 мала лажица сол
  • 1 мала лажица шеќер
  • 1,5 мала лажица сув квасец
  • 2лажици јогурт
  • 2/3 од шоља топла вода
  • за полнеж..
  • 20 парченца млад кромид (4 врзопи од по 5 парчиња)
  • 1 лажица сув зачин или (сол),црн пипер
  • 10 лажици масло
  • 1 кесичка сенф

Подготовка

Рецептот на Ари од курдската кујна во моја изведба и со мали измени, нека биде предлог за економичен ручек. Секако ова јадење може да помине во било кој дел од денот.
Курдите го служеле со јогурт, но и со салата така гласи преписот од авторката.

Се што треба да сторите со младото кромидче е да се исчисти и ситно да се исечка, во него ставаме мешан сув зачин ( во оригиналот стои сол) и црн пипер.
За тестото,просеано брашно се става во сад, се става водата во шоља, шеќерот и се додава сув квасецот притоа ставаме и од брашното.
Чекаме да се активира 3-4 мин. Кај брашното се става сол, јогурт, квасецот и се меси тесто со средна јачина-кон појако, ако е потребно додавате брашно уште малку. Се остава во прекриен сад нека стои 30-40 мин.
Се дели на 10 делови и на набрашнета површина се сука танка кора, во средина се роси од полнежот и наоколу на рабовите ставив по малку сенф по мој избор за да залепат самите ивици на тестото. Се преклопува на половина, се прават мали засеци со нож по ивиците.

На загреано тавче со нелеплива површина ставаме малку масло само се премачкува и се печат сите парчиња едно по едно од двете страни на умерена температура. Тука треба малку внимателноста ако веднаш се направат црни дамки значи јака е температурата се намалува, за да изврие добро тестото. Секое од готовите парчиња се премачкува со малку масло на четче.

Уживајте во нивниот вкус. Една напомена - полнежот може да биде и по избор, меѓутоа тогаш нема да носи ист назив.
Пробајте можеби ќе ви се допаднат.