Испечати

Чоколадна торта со портокал

Чоколадна торта со портокал

Состојки

  • 4 јајца
  • 3/4 шоља шеќер
  • 1 шоља брашно
  • 3/4 шоља какао
  • 1 портокал
  • 1 павлака
  • 1 пакетче прашак за пециво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 2-3 рендани јаболка (зависно од големината)
  • 300 гр чоколадо за готвење
  • 300 мил слатка павлака
  • неколку капки портокал арома

Подготовка

Јајцата се матат со шеќерот. Потоа се додава брашното, какаото, павлаката, пецивото и ванилата. Портокалот се цеди, а кората се ренда. И тие се додаваат во садот, а и се продолжува со матење. По изедначувањето на смесата се додаваат ренданите јаболки и сосема кратко се меша со лажица колку да се распоредат еднакво во смесата.
За печење се користи калап за торта, обложен со хартија. Се пече на 180 степени околу половина час доколку рерната ви е со вентилатор или десетина минути подолго во обична рерна. Колачот се остава сосема да се олади.
Во тенџере на тивок оган се растопува чоколадото во хоплата и со неоладениот фил се прелева пандишпанот.
Најдобро би било тортата да отстои во фрижидер барем 5-6 часа пред сервирањето.
Доколку сакате поинтензивен вкус на портокал, може да додадете арома од портокал или наместо една да изрендате две кори.