Кремаст сутлијаш
Состојки
- 1 чаша (истата за сите мерки) ориз
- 1 чаша вода
- 2 чаша млеко
- 1 чаша шеќер
- 1 пакетче шлаг крем од ванила
- 100гр кокос
- 50 гр бела чоколада
- 1 пакетче шлаг крем од чоколада
- 100гр мелени ореви
- 50 гр рендана црна чоколада
- 200гр кекс
Подготовка
Во подлабок сад се става водата и една чаша млеко да зоврие. Во зовриената течност се додава оризот и се остава да се вари со повремено мешање околу 15 минути.Одкако ќе ја впие течноста се додава и втората чаша млеко и шеќерот и се остава да врие додека се свари(со постојано мешање)
Сварениот сутлијаш се остава да се олади.
Кесичката шлаг крем од ванила се мати по упатството и кон шлагот се додаваат кокосот и изренданата бела чоколада.Кон оваа кремаста смеса се додава половина од оладениот сутлијаш и убаво се мати додека се изедначи.
Кесичката шлаг крем од чоколада се мати истопо упатството и се додаваат оревите,чоколадата и втората половина од сутлијашот.
Во калап се става најлонска фолија и се истура белиот дел од сутлијашот.Се реди еден ред од кекс и над него се истура делот со чоколадниот сутлијаш. Пак се реди еден ред кекс и се затвара калапот со фолијата. Се остава во фрижидер 3-4 часа а потоа се превртува од калапот, се наросува со рендана чоколада и се сече на парчиња.
Преубав и вкусен начин на подготовка на сутлијаш и ќе ги намами и сите оние што не се по сутлијашот.