Испечати

Кисела пита (може и посна)

Кисела пита (може и посна)

Состојки

  • Тесто
  • 600гр брашно
  • 25гр свеж квасец
  • 1 лајче мед
  • 1 лајче киселина
  • 1 лајче сол
  • 1 лажица свинска маст (или масло едно мало филџанче)за посно
  • 400мл млеко(или вода)за посно
  • Фил
  • 2 јајца
  • 400гр сирење,изварка...
  • Посен фил
  • 1 туна
  • 2 лажици ајвар

Подготовка

Оваа кисела пита ни најмалку не е кисела, туку напротив вкусна, мека и лесна за правење.
Најпрво се ставаат сите состојки во вангла и се замесува тесто.
Се остава да надојде.
Се премесува уште еднаш и се прават топчиња со големина колку кајсија. Се сука крукче и се реди фил по желба (јас го правев со изварка и јајце). Се собира тестото како ружа и се реди во подмачкано тавче бр.28.
Се остава да надојде на топло.
Се печи во загреана релна на 220/30мин