Реден подварок со кисела зелка
Состојки
- 1 поголема кисела зелка од околу 1,5 кгр. или две помали
- околу 1.200 гр. мешано месо свинско, говедско, пушени ребра, месната пушена сланина
- 2 глави лук
- на вкус толчен бибер, црвен мелен пипер, суваи пиперки, морков свеж или од туршија, ловор,буковец
- 7-8 лажици свинска маст
- околу 600-700мл. расолница
Подготовка
Подготовка
1. Зелката исечете ја на потенки кругови. Месото исечете го на тенки парчиња како шницли.
2. Тенџерето во кое ќе го спремите подварокот добро го премачкајте со свинска маст.
3. Земате од зелката и наредете првиот ред. Врз него посолете по малку бибер, малку црвен пипер, буковец, наредете парчиња од месото. Земајки од секој вид на месо по едно парче, врз него ставете тенки парчиња од сланината. Врз месото ставете пак кругови од зелката, пак зачинете, ставете ловор, ставете 1-2 суви пиперки, морковот исечен по должина или ако е потенок може и цел, целите главици лук кој добро ги измивате, но не ги лупите, евентуално можете да ја одстраните само горната лушпа - главиците треба да останат цели. Повторно од зелката, зачинете, пак месо и затварате со последните кругови од зелката. Зачинете. Со цели листови од зелката добро затворете ја површината над зелката. ставете зачинете пак, ставете неколку лажици од маста, добро ја налегнете. Налегнете со некој сад (најчесто тањир) повторно налегнете, залејте со расолница, ставете да се крчка на тивок оган најмалку 3 часа.
Подварокот е готов кога зелката е мека, а месото разварено. Не смее да дозволите да ви одоздола загори, но не и да има вода. Овој подварок се сече и се вади парче од тенџерето, се јаде со вилушка.
Уживајте во еден убав неделен ден со вака спреман подварок.
Совет
- Вака спреманиот подварок за мене е највкусниот.
- Кој не користи свинска маст заменете со зејтин.
- Доколку не сакате да биде вака реден туку дробена зелка, слободно тоа го направете, но редете го на овој начин.
- Можете да вадете од зелката и само листови, во листовите ставете парче месо и само преклопете го - пак така редете и зачинувајте.
- Доколку го сакате малку поинаков, запржен, тогаш напрвете една подпршка, залијте ја добро налегнатиот подварок, па дури тогаш ставете ја расолницата. Подрпшката ќе спадне долу и повторно варете на многу тивко.
- Сол не користам бидејки заливам само со расолница. Доколку ви е многу солена расолницата, тогаш ставете вода или поделете пола - пола. Кога крчка со расолница има сосема друг вкус.
- Подварокот во нашиот дом се спрема некој пат и од вечер на сосема тивко крчка до нареднот ден.
- Колку повеке се крчка - толку тој е повкусен.
Вака подварокот го спрема мојот сопруг и тоа е за него специјалитет. Морам овде ова да го забележам и да му се заблагодарам. Јас од мајка ми бев научила само со дробена зелка на сличен начин. За овој рецепт јас сум му благодарна. Кај нас овој подварок го носи и неговото име - Ч)))
Нека ви е слатко.