Испечати

Печен зајак со кисела зелка

Печен зајак со кисела зелка

Состојки

  • 1 зајак (домашен или див)
  • маринада
  • 200мл бело вино
  • 100мл маслиново масло
  • 1 гол.лаж сол
  • 1 лаж рузмарин
  • 1 лаж миродија
  • 5 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 2 лаж вегета
  • 1/2лаж црн пипер
  • Додатоци пред печење
  • 35мл зејтин
  • 50 мл вода
  • 100мл бело вино
  • 50мл расолница
  • 1/4 кисела зелка
  • 5-6 ловорови листа
  • 40мин пред печење се додава
  • 4-5 компира
  • 1 гол.лаж брашно
  • 1 лаж црвен пипер
  • 100гр шампињони

Подготовка

За овој вкусен ручек треба да се спремате ден претходно.
Исчистете го добро зајакот, лојта од бубрезите фрлете ја.
Го оставате зајакот одвечер во длабок сад со маринадата да омекне, најмалку 10 часа пред печење. Ако маринадата не го опфаќа цел зајак, по 5 часа завртете го зајакот од другата страна.
Наредниот ден е подготвен за печење.
1. Во длабок сад за печење ставете ја киселата зелка како подлога на зајакот.
2. Извадете го зајакот од маринадата и ставете го врз киселата зелка.
3. Додадете ги сите состојќи наведени во додатоци пред печење и ставете го зајакот да се пече во незагреана рерна на 250 степени, а садот затворете го или обложете го со фолија.
4. По 30-40мин од печењето, завртете го зајакот од другата страна и вратете го пак на печење, повторно затворен.
5. По 30мин извадете го пак, завртете го од другата страна и додадете ги останатите состојки ( компирот сецкан на коцки, шампињоните, брашното и црвениот пипер). Оставете да се пече пак со фолија.
6. Се пече уште 20мин и потоа се трга фолијата, се расекува на места зајакот, од смесата во која се пече се прелева неколку пати низ цел зајак и се остава да фати златна боја (околу 20-40мин), а температурата намалете ја на 200 степени.

Сервирајте во лотка.

Совети
Ако зајакот е див добро е да отстои што повеќе во маринадата, а во текот на печењето повеќе пати го полевајте со смесата во која се пече, така ќе биде повеќе сочен.

Ако ви остане од смесата, не ја фрлајте, од неа може да се направи супер зајачка супа, за која наскоро ќе добиете рецепт.